Блесинг Окагбаре надвор од Олимписките игри

1.08.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Блесинг Окагбаре надвор од Олимписките игри

Олимписката атлетика во Токиот го доби првиот допинг скандал. Претставничката на Нигерија Блесинг Окагбаре е дисквалификувана поради користење на хормон за раст.

Таа се натпреварува во дисциплината сто метри но беше официјално дисквалификувана од полуфиналето затоа што тестот за допинг бил позитивен.

Окагбаре автоматски е дисквалификѕвана нормално и од останатите дисциплини за кои беше пријавена, како на пример 200 метри и штафета.

 

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата