Пендаровски: Во петта година сме со нова власт, не смееме да се повикуваме на времето на Груевски

1.08.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пендаровски: Во петта година сме со нова власт, не смееме да се повикуваме на времето на Груевски

Веќе сме во петта година на нова политичка структура и не може повеќе изговор да биде „времето на Груевски“ смета претседателот Стево Пендаровски.

Тој тоа го изјави за емисијата „Трилинг“ во однос на битката против корупцијата и криминалот исвоевидното релативизирање на премиерот Зоран Заев.

Пендаровски потенцира дека оваа влада се помалку ќе имаат шанси да се повикуваат на „времето на Груевски“.

– Ние сме во петта година како нова политичка структура е на власти веќе не смееме воопшто да го споменуваме времето од режимот на Груевски. Тоа помина, постапките си течат, во тој дел јас не сум задоволен, како течат некои постапки, бидејќи некои и воопшто не течат, додава претседателот Пендаровски во интервју за емисијата Трилинг која беше последна за оваа сезона

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата