Аргентина лесно против Јапонија за трето место во група

1.08.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Аргентина лесно против Јапонија за трето место во група

Кошаркарската репрезентација на Аргентина лесно и уверливо дојде до триумф против домаќинот на Олимписките игри во Токио селекцијата на Јапонија со конечни 97:77, и на тој начин стигна до првата победа на овој турнир откако во првите две кола загуби од Словенија односно Шпанија.

Аргентина на овој меч доминираше, не дозволи никакво изненадување и сега во поредокот на најдобро третопласирани селекции е трета. Пред нејзе се репрезентациите на Германија и Чешка со по четири бодови.

Најдобар поединец на мечот ветеранот Луис Скола со 23 поени.

 

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата