(Видео) Невреме во Србија – силен ветер откорна дрвја

31.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Невреме во Србија – силен ветер откорна дрвја

Невреме кое околу 17 часот ја зафати областа Ваљево во Србија, предизвика краткотрајни прекини во снабдувањето со електрична енергија, пренесуваат српските медиуми.

Силен ветер откорна дрвја и гранки, пренесува РТС.

Некои далноводи се уште се во прекин. Екипите се на терен, а сообраќајот беше забавен на некои патишта поради гранките и остатокот од дрвјата на патот.

Пријавени се и неколку помали пожари за време на лошите временски услови.

Силно невреме го зафати и Краљeво, според објавите на граѓаните на социјалните мрежи, а во Чачак дува силен ветер.

makfax.com.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата