Силна е оваа Воска Спорт, триумф и над “лавовите“ среде Ѓорче!

31.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Силна е оваа Воска Спорт, триумф и над “лавовите“ среде Ѓорче!

По Борец на негов терен, попладнево и Македонија ЃП, исто така на нејзин терен, ја осети силата на Воска Спорт. Иако второлигаши, сепак Охриѓани успеаја и против “лавовите“ да одиграат квалитетно и да слават победа со 1:0. Стрелец на голот беше Бехар Фета во 43.минута.

Со овој триумф тимот на Воска Спорт буквално и ја расипа “генералката“ на Македонија ЃП.

Тимот на Раде Цицмиловиќ ова лето беше кошмар за дел од нашите прволигаши, уште еднаш потврди дека станува збор за одличен тим кој и тоа како ќе се прашува во претстојната сезона во ВМФЛ – ЗАПАД, па макар таму играле и екипи како Вардар и Силекс.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата