Нови детали за серијата за Аца Лукас: Откриени нови актери И КОЈА ЌЕ ЈА ГЛУМИ БИВШАТА

31.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нови детали за серијата за Аца Лукас: Откриени нови актери И КОЈА ЌЕ ЈА ГЛУМИ БИВШАТА

Наесен почнува снимањето на серијата за животот на фолк пејачот Аца Лукас „Кафана на Балкану“, која ќе се базира на неговата автобиографска книга.

Една од главните улоги ќе му припадне на Лукас, кој самиот ќе се игра, а неговиот татко Вуксан Вуксановиќ ќе го игра Мимо Караџиќ, пишуваат српските медиуми.

Како што сега се шпекулира, ликот на неговата мајка, наводно, ќе го толкува актерката Мирјана Карановиќ.

– Снимањето на серијата ќе започне наскоро, целата екипа се уште не е избрана, но преговорите се во тек за соработка со важни луѓе во светот на актерството. Една од главните улоги би требало да ја игра Мирјана Карановиќ, која, ако се оди според планот, ќе ја игра мајката на Лукас. Со оглед на нејзината кариера и талент, таа е една од ретките што би можела да ја изврши оваа улога – вели изворот за медиумите и додава:

– Актерите за сите улоги се уште не се избрани, главните актери ќе бидат избрани до крајот на август, а останатите до средината на септември. Познато е дека заедно со Мирјана Карановиќ, Вук Костиќ, Андрија Кузмановиќ, како и Каја Шутиќ и Ненад Јездиќ ќе имаат главни улоги – откри тој.

Исто така, некои медиуми јавуваат дека ликот на поранешната сопруга на фолкерот Соња Вуксановиќ ќе и припадне на победничката на реалното шоу „Задруга“, Кристина Кија Коцкар.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата