Жена му го украла кучето, ТОЈ И ГО ПРОМЕНИЛ ЖИВОТОТ

31.07.2021
Жена му го украла кучето, ТОЈ И ГО ПРОМЕНИЛ ЖИВОТОТ

Дрогата му го саботирала животот на Брејден Мортон цели пет години, период во кој тој бил на одвикнување од фентанил дури 16 пати. Тој сега води добротворна организација која им помага на другите зависници, а слободното време го поминува со своите кучиња. Неговото омилено милениче е Дарла, женка од расата Шар Пеј, а кога била украдена во јуни, неговото срце било скршено.

„Слушнав бучава во дворот, излегов и сфатив дека Дарла не е таму. Видов син камион како забрза по патот”, изјави Мортон (35) за Си -Ен -Ен.

Тој веднаш повикал полиција и понудил награда од 5.000 долари на Фејсбук за информации што ќе доведат до пронаоѓање на кучето. Една жена му рекла дека видела сличен камион „форд“ во близина на работилница за поправки на автомобили, и дека внатре има куче. Отишол на таа адреса, но не го нашол кучето.

„Се расправав со маж кој беше во автомобил, и си отидов дома лут. Следниот ден ми заѕвони телефонот, од непознат број. Слушнав девојка како плаче. Веднаш знаев дека го има моето куче. Ми кажа каде е”, рече тој.

Тој ја известил полицијата каде оди, но тој одбил да има патрола со него бидејќи слушнал нешто во гласот на девојката што го препознал.

„Не сакав полицајците да ја исплашат. Ги зедов парите, 5.000 долари што ги нудев за награда”, рекол Мортон.

Кога пристигнал на договореното место, Дарла истрчала да го пречека. Го прегрнал кучето и ја погледнал жената што го украла. Тој се видел себе во нејзините очи од пред неколку години – како наркозависник.

„Ја гушнав, плачеше, ме праша, зошто гушкаш срање како мене. Јас и реков, јас бев зависник со години. Знам точно на што си. Знам што правиш, и ти простувам. И сега ќе ги искористиме овие пари за да платиме за твоето лечење”, рече тој.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата