„Заев ветуваше европска Македонија, СЕГА НУДИ МИНИ ШЕНГЕН МАКЕДОНИЈА“

31.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Заев ветуваше европска Македонија, СЕГА НУДИ МИНИ ШЕНГЕН МАКЕДОНИЈА“

Мини Шенген не смее да биде алтернатива на членство во ЕУ и вклучување на Македонија во широкото семејство европски држави. Регионалните соработки не се алтернатива на евроинтеграциите на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ во нивното соопштение до јавноста.

Од партијата велат дека ваквата иницијатива која Заев се обидува да ни ја прикаже како дипломатски успех е всушност пораз на политиката на Заев.

– Зоран Заев ги лажеше граѓаните, ветуваше европска Македонија, а сега нуди мини шенген Македонија. Но што да се очекува друго од човек кој европските перспективи ги кочи со растечка корупција и криминал. Интересите на Македонија единствено може да се остварат во широка и обединета Европа, а не во тесни регионални кругови, кои патем се нецелосни и не се одраз на македонските национални и државни интереси, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението се додава дека Зоран Заев треба да признае дека Македонија ја донесе во ќор сокак. Овие четири години власта на Заев се четири украдени години за граѓаните.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата