Гужва на границите – за излез од државата се чека до 1 час

31.07.2021
Гужва на границите – за излез од државата се чека до 1 час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информира АМСМ.

На граничните премини, од македонска страна, за излез на ГП Табановце време на чекање 1 час, исто така за излез на ГП Ќафасан време на чекање 30 минути, на ГП Богородица време на чекање за излез околу 1 час.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

 

makfax.com.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата