Гужви на граница, се чека и по ЕДЕН ЧАС

30.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гужви на граница, се чека и по ЕДЕН ЧАС

На граничните премини Табановце и Богородица попладнево за излез од земјава се чека по еден час, а на ГП Ќафасан околу 15 минути, информра АМСМ.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата