На Шакира и се заканува ЗАТВОР, обвинета за проневера на 14 милиони евра

30.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
На Шакира и се заканува ЗАТВОР, обвинета за проневера на 14 милиони евра

Колумбиската поп-ѕвезда Шакира може да се најде на обвинителна клупа откако шпански судија пресуди дека има „доволно индиции“ за да и се суди на популарната пејачка за даночна измама, објавија медиумите во четвртокот.

Државното обвинителство на Барселона ја обвинува 44-годишната пејачка дека не платил вкупно 14,5 милиони евра данок во Шпанија во периодот од 2012 до 2014 година.

Пејачката, ја негира вината. Доколку не се постигне вонсудска спогодба, Шакира може да заврши на обвинителна клупа и во затвор, објави во четвртокот Ла Вангуардија.

Позадината на спорот е прашањето каде требала Шакира да плаќа данок во споменатиот период. Државното обвинителство тврди дека пејачката живеела во Шпанија повеќе од 183 дена, секоја од трите спорни години, поради што смета дека требала да плати данок за вкупниот приход во Шпанија.

Шакира, пак, истакнува дека од 2012 до 2014 година била даночен обврзник на Бахамите, а не на Шпанија и дека само повремено патувала во Шпанија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата