За пукање по свадби или ЗАТВОР или ПАРИЧНА КАЗНА

30.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
За пукање по свадби или ЗАТВОР или ПАРИЧНА КАЗНА
На денешната вонредна седница на Советот на Општина Студеничани на која присустуваа градоначалникот на општина Студеничани  Азем Садики, директорот на Бирото за јавна безбедност  Сашо Тасевски заедно со помошник директорот Шефик Бајрами,  како и командирот на ПС Драчево Миле Трифуновски беше разгледана безбедносната состојба на подрачјето на општина, која е оценета како стабилна, со тенденција кон подобрување.
Особено внимание беше посветено на пукањето со огнено оружје на семејните веселби и мерките за спречување на оваа појава.
Советот на општина Студеничани, градоначалникот и Министертвото за внатрешни работи ги повикуваат сите граѓани да се воздржат од пукање со огнено оружје на семејни веселби, затоа што тоа може да предизвика  тешки последици.
Пукањето е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а паричната глоба за ваков вид прекршок се движи од 200 до 500 евра (член 31). Зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност“, за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години (член 288 од Кривичниот законик). Ваквите активности на МВР во наредните денови ќе продолжат и во другите општини.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата