Морбидни последни денови

36 дена пред смртта Ејми ништо не јадела, била само алкохол и цигари!

30.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
36 дена пред смртта Ејми ништо не јадела, била само алкохол и цигари!

Новата книга „27 Heaven“ за животот на покојната пејачка Ејми Вајнхаус ја напишал Ијан Халперин, кој тврди дека пејачката живеела на цигари и алкохол, и дека содветен оброк не изела 36 дена пред смртта, пренесува Сан. Ејми умре од труење со алкохол на 23 јули 2011 година.

„Беше многу слаба, живееше од алкохол и цигари“, рекол изворот. Инаку, познато е дека боледуваше од булимија.

На 18 јули Ејми го одржа последниот концерт кој судејќи по се беше најава дека нејзиниот крај е блиску. На концертот на Калемегдан присуствуваа 20 000 луѓе, и тоа беше прва нејзина турнеја по рехабилитацијата.

 

Ejmi Vajnhaus

Менаџерите буквално ја истуркале на сцената, иако таа во бекстејџот плачела дека не сака да пее. Концертот го почна со реченицата „Добра вечер Атина“. Таа не беше ни свесна каде се наоѓа.

Концертот заврши неславно, а слендите во Атина и Истанбул беа откажани. Потоа истото се случи и со целата турнеја. Халперин тврди дека можеле да ја спасат.

„Малку повеќе да се фокусираа на нејзиното здравје место на парите кои ги носеше и денес ќе беше жива“, рекол изворот близок до пејачката за новата книга.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата