Клуни со семејството ЕДВАЈ ги избегна поплавите во Италија: „Беше многу полошо отколку што можете да замислите“

30.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Клуни со семејството ЕДВАЈ ги избегна поплавите во Италија: „Беше многу полошо отколку што можете да замислите“

Актерот Џорџ Клуни (60) и неговото семејство се најдоа во разорните поплави и свлечишта што во вторникот ја погодија северна Италија. Познато е дека Клуни летува со години на езерото Комо, каде е сопственик на вилата Олеандри од 18 век.

– Беше многу полошо отколку што можете да замислите. Мислам дека може да бидат потребни години и да се потрошат милиони пред да се обнови сè – изјави Клуни за италијанските медиуми. Тој се понуди да му помогне на градоначалникот на Лаглио, во чија област се наоѓа вилата на актерот.

– Овој град отсекогаш бил тука, се уште ќе биде тука, уште посилен и ќе се врати уште подобар. Ова е многу издржлив град – рече актерот.

Клуни ја купи вилата во 2002 година за околу 14 милиони долари. Вилата има 25 соби, отворен театар и базен, пренесува „Сан“.

Дрвја и карпи што се слизнаа од блиската планина, татнеа покрај вилата на Клуни, но според „Сан“, актерот, неговата сопруга Амал (43) и четиригодишните близнаци имале среќа и останале неповредени, без оштетување на нивниот имот.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата