Листата да се проба овој КОМПИР е нереална: Ова е НАЈСКАПИОТ помфрит во светот(Видео)

30.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Листата да се проба овој КОМПИР е нереална: Ова е НАЈСКАПИОТ помфрит во светот(Видео)

Ресторан “Serendipity“ во Њујорк победоносно држи три светски рекорди за најскапо јадење. Најново јадење на листата на Гинис е пофрит. Една порција чини симболични 169 евра а се прави од гускина маст, злато кое се јади а како прилог се добива дарежлива количина тартуф и кремаст бешамел сос.

Ресторанот веќе рушил два Гинисови рекорда за најскап хамбургер кој чини 249 евра и сладолед од 847 евра. Официјалната Инстаграм страница, на Гинисовата книга за рекорди, потврдила на 13 јули дека помфридот на овој ресторан официјално е најскап на планетата.

– “Serendipity” е навистина среќно место – рекол креативниот директор и готвач Џо Калдероне за “Reuters”.

Помфрит направен од посебен компир кој стои одередено време, во пача,оцет и шампањац. Потоа се се пржи во чиста маст од гуска, не во масло, не еденаш туку двапати, што го прави крцкав надворешно, а мек од внатре.

Посолен со злато кое се јаде и зачинет со сол од тартуфи и масло од тартуфи, се служи на кристална чинија со орхидеа, тартути исецкани на танки кришки и бешамел сос. Во сосот се наоѓаат татруфи, ретки сезонски печурки.
– Тартуфот овде е главна ѕвезда – рекол главниот готвач Гредерик Киеверт.
Како и многу ресторани и овој бил затвроен за време на пандемија, а кретивниот директор и готвач сметаат дека помфритот ќе биде добар начин да го најават неговото враќањето.
Моментално постои листа на чекање од осум до десет недели за овој помфрит.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата