Нема да го потпишам Изборниот законик: Пендаровски вели дека не може 2 дена пред распишување избори да се носат измени

30.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нема да го потпишам Изборниот законик: Пендаровски вели дека не може 2 дена пред распишување избори да се носат измени

Претседателот Стево Пендаровски најави дека нема да го потпише Изборниот законик со кој се бараат потписи од два отсто од избирачите во општината за независни кандидати да можат да учествуваат на локалните избори.

Пендаровски вели дека ако деновиве во Собранието се донесат измените, тој нема да ги потпише, бидејќи се оневозможува влез на други субјекти на политичката сцена.

„Нема логика јас како претседател и највисок орган во државата да се кандидирам со 10.000 потписи, а толку да треба и за советници во Град Скопје. Препораката на ОБСЕ/ОДИХР е до 1%. Не може изборите да се распишат на 6 август, а два дена пред тоа да се носат измените”, рече Пендаровски одговарајќи на новинарско прашање на денешниот брифинг со новинарите.

Пендаровски вели дека измени пред избори би потпишал само доколку постои општ консензус за нов, кој во моментов го нема.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата