(ФОТО) Катарина и Перо Антиќ ЗАЕДНО уживаат на концерт кај Тамара во Охрид

30.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(ФОТО) Катарина и Перо Антиќ ЗАЕДНО уживаат на концерт кај Тамара во Охрид

Катарина на концертот на нашата позната пејачка Тамара Тодевска кој се оддржа вчера во Охрид, дојде со кошаркарот и претседателот на КФМ, Перо Антиќ. Изминативе месеци, домашните медиуми објавуваа дека Катарина и Антиќ се во врска, но и двајцата не ги коментираа написите, освен што Катарина даде куса изјава за „Бекстејџ“ дека се среќни заедно.

Инаку Катарина и Тамара се другарки долги години а нашиот топ модел речиси секогаш ѝ е голема поддршка на поп-ѕвездата.

Антиќ пак, исто така е близок пријател со Тамара, но и со нејзиниот сопруг Александар Димитровски – Мачка. Тој на концертот го прослави својот роденден, а Тамара му го честиташе и го поздрави од сцената.

Фото: Женски магазин

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата