Жените стареат побрзо од мажите: Постојат неколку причини, но една е најдоминантна

30.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Жените стареат побрзо од мажите: Постојат неколку причини, но една е најдоминантна

Не е тајна дека жените живеат подолго од мажите, но она кое исто така се знае  е дека жените стареат побрзо од мажите. За тоа, судејќи според истражувањата постојат неколку причини.

“Хормонската разлика е она што се објаснува”, смета д-р Џудит Моринг.

Флуктацијата на хормоните е поврзана со депресија. Повеќесезонското афективно нарушување сѐ повеќе ги погодува жените отколку мажите, а постојаниот стрес неизбежно доведува до рано стареење.

Жените кои родиле стареат побрзо

Американското истражување спроведено на Универзитетот Џорџ Мејсон докажало дека поради бременоста жените изгледаат 11 години постаро. Жените кои родиле имаат пократок теломер од оние кои немаат. Колку што е теломерот пократок, толку постаро изгледате. Покрај тоа, стресот во текот на бременоста не е реткост, што дополнително го забрзува процесот на стареење.

Кожата на жените е потенка од кожата на мажите
Според дерматолозите, кожата кај мажите е 25% подобела од кожата кај жените. Процентот може да се разликува од маж до маж, но генералниот податок останува. Меѓутоа, иако мажите имаат помалку брчки, оние кои ги имаат се подлабоки од женските.

Високото ниво на тестостерон го успорува стареењето. Иако, естрогенот служи како хормон против стареење, неговото производство опаѓа многу побрзо од произведувањето на тестостерон.

Менопауза
Губењето на хормоните за време на менопаузата го забрзува процесот на стареење. Кога жените се во менопауза, нивните тела престануваат да произведуваат исти количини на колаген како претходно. Тоа предзивикува губење на еластичноста на кожата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата