Каније НЕ САКА ДА ГО НАПУШТИ СТАДИОНОТ додека не го заврши својот нов албум

28.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Каније НЕ САКА ДА ГО НАПУШТИ СТАДИОНОТ додека не го заврши својот нов албум

Каније Вест (44), наводно, живее на стадионот Мерцедес-Бенц во Атланта додека се обидува да го заврши својот долгоочекуван нов албум „Донда“.

Раперот „Језус“ минатата недела организираше забава за да се преслуша албумот и планираше да ја објави плочата во петок. Но, пристигнувањето на албумот беше одложено и Каније остана на стадионот за да го заврши своето уметничко дело.

Претставник на Канје, кој побара да остане анонимен, за „Асошиејтед прес“ изјави дека раперот планира да остане на стадионот сѐ додека не го заврши својот 10-ти студиски албум.

‘Донда’ го доби името по неговата сакана мајка Донда Вест, која почина во 2007 година.

Поранешната сопруга на Вест, Ким Кардашијан (40) и нивните четири деца присуствуваа на забавата каде што го слушаа албумот.

Меѓу другите големи имиња беа поранешниот кошаркар Шекил О’Нил (49), пејачот Цело Грин (46) и раперот Биг Бои (46).

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата