Град Скопје во петок ќе прска против ларви од комарци

28.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Град Скопје во петок ќе  прска против ларви од комарци

Во петок Градот Скопје ќе прска против ларви од комарци известија градските служби.

Пордаи ова тие упатуваат известување до граѓаните дека прскањето против комарци, ќе се врши по одреден распоред.

„Авионската дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот Скопје ќе се врши на 30.07.2021 година (петок), во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот Скопје ќе се врши на 30.07.2021 година (петок), во текот на денот“, известуваат од Град Скопје.

Доколку временските услови не дозволуваат да се прска, напоменуваат од таму, тогаш авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

makfax.com.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата