РАЗВРАТНИОТ ЖИВОТ НА РОК ЛЕГЕНДАТА

Спиел со повеќе од 4.000 жени, ја изневерувал бремената девојка, а пред олтар застанал само еднаш

28.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Спиел со повеќе од 4.000 жени, ја изневерувал бремената девојка, а пред олтар застанал само еднаш

Главниот вокал на легендарните „The Rolling Stones“ – Мик Џегер е еден од најпопуларните пејачи во историјата на музиката, а и денес на 78 години тој одржува настапи ширум светот.

Џегер е роден во Дартфорд каде и се школувал, а подоцна се запишал на економскиот факултет, меѓутоа од него брзо се откажал, па ја започнал музичката кариера во култниот бенд. Токму тој и Кит Ричардс заедно напишале поголем дел од хитовите кои ги извеле.

Освен во музиката, тој се обидел да успее и во актерството, а благодарение на сето тоа добил многубројни награди.

Неговите песни рушеле рекорди на музичките топ-листи, а во 1989 година примен бил и во „Rock ‘n’ roll“ куќата на славните.

Медиумите неретко ги интригирал со неговиот приватен живот и девојките кои ги менувал постојано. Пред олтар застанал само еднаш, а освен како најдобар музичар запаметен е и како најголемиот „плејбој“ на рок музиката, а се шпекулира дека спиел со околу 4.000 жени.

Од 1966 година до 1970 година тој бил во врска со британската кантавторка Мариан Фејтфул со која го напишал синглот „Sister Morphine“, песната која се нашла на еден од албумите на бендот.

Кон крајот на нивната врска се заљубил во американската пејачка Марша Хант која пак ја изневерувал со Марин.

Хант во тоа време била во брак, па го изневерувала својот сопруг со Мик. Хант исто така е и мајка на неговата прва ќерка Карис, а токму таа била инспирација за песната „Brown Sugar“ која подоцна станала хит.

Неколку месеци подоцна нивната врска била прекината додека таа била бремена, а во животот на Џегер се појавила Бјанка Перез-Мора Масиас. Парот се венчал во 1971 година во Франција, а заедно ја добиле ќерката Џејд Џегер, па се развеле во 1977 година.

Џегер во меѓувреме имал афера со Плејбој зајачицата Беби Бијул, а аферата траела 2 години.

Американската манекенка Џери Хал, Мик ја запознал кон крајот на 1977 година, па веднаш се заљубил. Набрзо почнале да живеат заедно, а во текот на врската го добил и своето четврто дете.

Во текот на врската со Џери пејачот имал афера со Карла Бруни која подоцна станала француска прва дама, а нивната афера траела три години.

По оваа афера славниот рокер „се смирил“. Од 2001 година бил во врска со модната дизајнерка Лорен Скот, сè до нејзината трагична смрт во 2014 година.

Кога таа починала Џегер утеха нашол во американската балерина Мелани Хамрик која на свет го донела неговиот син кога тој имал 73 години, а тие и денес се во среќна врска.

Освен осумте деца кои ги има со пет различни жени, Џегер има и пет внуци и една правнука.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата