Парис Хилтон демантира: Не сум бремена, се уште! Кога ќе бидам сакам да се близнаци

28.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Парис Хилтон демантира: Не сум бремена, се уште! Кога ќе бидам сакам да се близнаци

Во епизода на нејзиниот подкаст „This Is Paris“, Парис зборува за гласините во кои се тврди дека го чека своето прво бебе со свршеникот Картер Реум.

Хилтон, сепак, вели дека не е бремена – „сè уште“. Таа вели дека „едвај чека да има деца во 2022 година“ по нејзината венчавка.

„Се разбудив со околу 3 000 непрочитани пораки, петте мои телефони постојано вибрираат, сите ми честитаат и се толку среќни за мене, а притоа се слушнав со луѓе со кои не сум се чула со години. Ви благодарам на сите за пораките“, изјавила богата наследничка низ смеа.

„Денес е напорен ден, така што сè уште не сум одговорила на никого, но да, бремена сум со тројка … толку сум возбудена за мајчинството. Всушност, само се шегувам. Не сум бремена, сè уште. Верувам ќе биде по венчавката. Мојот фустан се прави токму сега, па сакам да се осигурам дека ќе изгледа прекрасно и ќе одговара совршено, така што дефинитивно го чекам тој дел“, изјавила Парис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)

Хилтон вели дека не знае од каде се појавила гласината, шегувајќи се дека „не требало да носи“ пуш-ап градник од нејзината нова линија за долна облека на неодамнешна вечера во Малибу со Реум.

„Луѓето секогаш измислуваат гласини, јас сум навикната до сега бидејќи сум во индустријата долго време. Не можете секогаш да верувате во она што го читате. Го научив тоа со текот на годините, во овој бизнис, дефинитивно”.

Таа објаснува дека нејзин „сон“ е еден ден да има ќерка по име Лондон, а има и избрано машко има, кое нема да го открие.

Хилтон и Реум се верија на 13 февруари по повеќе од една година врска. Во една прилика богата наследничка изјави дека има желба кога ќе биде бремена да бидат близначиња.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата