Во Србија бараат мајстори, ПЛАТАТА Е 1.000 ЕВРА ПА НАГОРЕ

22.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Србија бараат мајстори, ПЛАТАТА Е 1.000 ЕВРА ПА НАГОРЕ

Во Србија се бараат мајстори, a платата може да достигне и до 2.000 евра.

За водоинсталатер за итни интервенции, платата се движи од 1.000 до 2.000 евра. На електиричарите, молерите, керамичарите, ѕидарите и заварувачите им се нуди плата поголема од просечната, а се движи во главно од 60.000 до 120.000 динари.

Горан Родиќ, од Градежната комора на Србија, за „Вечерне новости“ објаснува дека недостигот на занаетчии ќе влијае на поскапувањето на трошоците за одржување на сите системи, од инфраструктура до станбени објекти, а дел од тоа ќе мораат да го платат граѓаните.

Слична е состојбата и во други земји во регионот, каде снемува занаетчии поради иселувањето.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата