Боки 13 СПРОВЕДЕН ВО ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО

22.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Боки 13 СПРОВЕДЕН ВО ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО

Апелациониот суд ги потврди казните за екс специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и Бојан Јовановски, откако ги отфрли како неосновани жалбите за случајот „Рекет“ . Со тоа казните од седум години затвор, односно девет за Јовановски станаа правосилни.

По комплетирањето на предметот тој се доставува до судија за извршување санкции, кој издава наредба за спроведување во затвор.

Јовановски е спроведен во затворот Идризово, каде треба да ја издржува казната затвор од девет години, потврдил на 24 вести, директорот Јовица Стојановиќ.

Предметот ќе биде доставен и до судија за извршување санкции при Основниот суд во Гевгелија надлежен според место на живеење за понатамошно постапување за обвинетaта Катица Јанева, соопштуваат од Кривичен суд.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата