Еден позитивен, сите во карантин: Цел автобус во изолација по одмор во Грција

22.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Еден позитивен, сите во карантин: Цел автобус во изолација по одмор во Грција

Поради еден позитивен случај на ковид-19, цел автобус со патници кои во вторникот се вратиле од одмор од Грција е ставен во карантин. Издадени се решенија за изолација за четири лица од кои еден е симптоми на коронавирус и ќе биде тестиран во текот на утрешниот ден.

Во моментот се прави епидемиолошка анкета на сите патници во автобусот, потврди директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), Ирена Сотирова-Бухова.

– Автобусот со тинејџери од Грција се вратил на 20 јули и во него се превезувале и возрасни и деца. Четири лица, до овој момент, имаат решение од ДСЗИ за изолација и домашно лекување. Еден од нив е со симптоми на ковид-19 и во текот на утрешниот ден ќе биде тестиран. Се прави епидемиолошка анкета на контактите по што ДСЗИ ќе издаде решенија за медицински надзор и самоизолација по известување од Центарот за јавно здравје“, изјави Сотирова-Бухова.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата