Заев и Ахмети се договорија ЗАЕДНИЧКИ ДА НАСТАПАТ НА ЛОКАЛНИ

22.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Заев и Ахмети се договорија ЗАЕДНИЧКИ ДА НАСТАПАТ НА ЛОКАЛНИ

СДСМ и ДУИ заеднички ќе одат на локални избори, информираше лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој на својот Фејсбук профил напиша дека денеска имал одличен состанок со коалицискиот партнер и претседател на ДУИ, Али Ахмети.

„Се договоривме дека СДСМ и ДУИ заедно ќе настапат на претстојните локални избори. Заедничка ни е целта во предизборната коалиција да се вклучат што е можно повеќе партии од владината коалиција. Во тек се постапките за избор на најдобрите кандидати – тоа ќе бидат личности кои умеат и кои се подготвени да го дадат најдобриот резултат за граѓаните во секој град, во секое село, во секоја населба. Меѓусебната поддршка во некои општини ќе си ја дадеме уште во првиот круг на изборите, а во други општини ќе се поддржиме во вториот круг“, пишува Заев.

Тој додава дека согласни се дека институциите имаат и обврска и капацитет да испорачаат целосно демократски, професионални и фер локални избори.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата