СДСМ со амандман бара ДА СЕ ВНЕСЕ СЕВЕРНА ВО РЕЗОЛУЦИЈАТА

22.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СДСМ со амандман бара ДА СЕ ВНЕСЕ СЕВЕРНА ВО РЕЗОЛУЦИЈАТА

Во резолуцијата да се вметне Северна, и официјално побара СДСМ, откако поднесе амандман.  СДСМ бара во содржината да се додаде новото уставно име на државата „Република Северна Македонија“, пренесува Телма.

За оваа резолуција предвидено е да се расправа во Собранието во текот на следната седмица.

Со мнозинство од 85 гласа, 1 воздржан и 4 против, пратениците одлучија Резолуцијата да биде втора точка на дневниот ред и да се разгледа веднаш по гласањето за ребалансот на буџетот.

Според партијата дека за нив суштината на Резолуцијата за црвените линии со Бугарија е сосема прифатлива без било какви интервенции, но изоставувањето на додавката „северна“ во името на државата, би било кршење на Уставот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата