Аргентина дозволи жителите ДА СЕ ИЗЈАСНАТ КАКО ПОЛОВО НЕУТРАЛНИ – „Х“ ПОЛ

22.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Аргентина дозволи жителите ДА СЕ ИЗЈАСНАТ КАКО ПОЛОВО НЕУТРАЛНИ – „Х“ ПОЛ

Аргентина воведе нов државен систем за идентификација за небинарни лица. Според законот, Аргентинците имаат право да се прогласат за полово неутрални.

Но како што се наведува, тоа не заживеа во пасошите и личните документи, а жителите можат да избираат само помеѓу мажи и жени.

За да го сменат тоа, секој што аплицира за нова лична карта сега може да избере опција „x“ за пол.

Аргентина е првата латиноамериканска земја што усвои ваков систем, по указот на претседателот Алберт Фернандез.

Тој на церемонијата во Буенос Аирес презентираше нови лични карти со можност „Х“, а првите три им ги додели на аргентинските министри.

„Постојат и други идентитети, освен мажи и жени и тие мора да се почитуваат“, рече Фернандез.

„Ќе биде идеално кога сите ќе бидеме едноставно она што сме и кога никој не се грижи за полот на луѓето“, додаде тој.

Аргентина им се придружува на земјите кои веќе го усвоија овој систем на формални идентитети, а меѓу нив се и Канада, Индија и Нов Зеланд.

Откако беше избран во 2019 година, претседателот Фернандез се залагаше за прогресивни социјални реформи.

Минатата година, неговата левоцентристичка влада успешно го легализираше абортусот.

Среде пандемијата, Аргентина воведе и еднократен данок за најбогатите луѓе оваа година за да помогне во плаќањето медицински материјали и поволностите за бизнисите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата