ЗАВИСНОСТА му го направила животот пекол: Најпрвин беше само за викенди, па потоа дојдоа таблетите, алкохолот и хероинот

22.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЗАВИСНОСТА му го направила животот пекол: Најпрвин беше само за викенди, па потоа дојдоа таблетите, алкохолот и хероинот

Тој се сретнал со наркотици за време на неговото средно образование, но тоа краткотрајно задоволство скапо го чинело. Неколку пати се обидувал да искочи од овој грозен круг на зависност и се уште не му успеало.

-На почетоците беа само викенди, потоа неколку таблети, мешање на едно со друго, алкохол, хероин…Тогаш не размислуваш. Млад си – мислиш дека имаш слобода но потоа со време сфаќате дека не е баш така, вака ја започнува својата исповед млад дечко од Србија кој пред камерите на “Прва” сакал да остане анонимен.

Кога сфатил дека е зависник, донел одлука сам да се соочи со проблемот, но тој обид завршил неславно.

-Најважен прв чекор е да си признаеш сам на себе дека си зависник, вели тој.

Од одличен студент на Факултетот за современа уметност, кој зад себе има 5 самостојни изложби патот на дрогата го донел до Специјалната болница за зависници во Белград. Сепак, непосредно по првото лечење тој повторно се вратил на својот порок.

-Некое време успеав да живеам чист, но кога си некаде сам повторно му се враќаш на стариот пат, повторно од почеток, повторно лекување и потоа потворно од почеток, објаснува тој.

После многу години лечење и откажување тој нема намера да се откаже.

-Третманот е тежок. И физички и психички и не би му го посакал на никој. Овде луѓето не сфаќаат дека зависноста е болест и дека се лекува. Јас не планирам да се откажам, завршува тој.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата