Курц: НЕ МОРА ДА СЕ ВРАТИМЕ ВО КАМЕНО ВРЕМЕ, за да се бориме против климатските промени

22.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Курц: НЕ МОРА ДА СЕ ВРАТИМЕ ВО КАМЕНО ВРЕМЕ, за да се бориме против климатските промени

Австрискиот канцелар Себастијан Курц е убеден дека нема потреба да се враќаме во „камено време“ за да се бориме против климатските промени.

За дневниот весник „Ворарлбергер Нахрихтен“, Курц оцени дека е можно да се бориме против климатските промени без да се откажеме, на пример, во индивидуалниот сообраќај.

Според него, би било погрешно да се верува дека климата може да се спаси со откажување од нешто.

„Единствениот правилен пристап е да се фокусираме на иновациите и технологијата“, истакна Курц.

Тој подвлече дека не е на мислење дека општеството мора да се врати во камено време, ниту е приврзаник на политиката на подигнатиот показалец, но ниту фантазија е дека некој може да живее како во минатиот век.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата