Што ќе прави Ангела Меркел ОТКАКО ЌЕ СЕ ПЕНЗИОНИРА

22.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Што ќе прави Ангела Меркел ОТКАКО ЌЕ СЕ ПЕНЗИОНИРА

Германија оваа есен ја очекуваат парламентарни избори и со тоа завршува долгогодишното владеење на една од најмоќните жени во политиката, Ангела Меркел. Германската канцеларка неодамна се повлече од прв човек на Христијанско демократската унија, а на нејзино место застана Армин Лашет, премиерот на Северна Рајна-Вестфалија, кој треба да биде и кандидат за иден канцелар.

Иако постојат сомнежи дека Меркел може да оди уште еден мандат, сепак мала е веројатноста за тоа, а многумина се интересираат што ќе работи откако ќе замине во пензија.

Меркел денес изјави дека се уште немала време да размисли што ќе стори откако ќе ја напушти функцијата.

Сепак, таа изјави дека би било важно Германија да има позиција во климатските планови на ЕУ, додека новата влада е во фаза на формирање, пренесува Ројтерс. Меркел оцени дека постои желба кај жените политичари да бидат поефикасни, иако, како што рече, постојат исклучоци.

Таа пред новинарите изјави дека некои други жени направиле многу повеќе од неа за еднаквоста, но дека верува дека и таа постигнала нешто.

Меркел е на чело на најголемата европска економија од 2005 година.

Германците ја викаат МАМА, живее со „Фантомот од операта“ – ЕВЕ СЕ ШТО НЕ ЗНАЕТЕ ЗА МЕРКЕЛ

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата