УНЕСКО НЕ СЕ ЗАФРКАВА: Ливерпул КАЗНЕТ заради НОВИ ГРАДБИ покрај доковите на пристаништето

22.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
УНЕСКО НЕ СЕ ЗАФРКАВА: Ливерпул КАЗНЕТ заради НОВИ ГРАДБИ покрај доковите на пристаништето

Англискиот град Ливерпул е отстранет од Списокот на светско наследство на УНЕСКО поради нови згради што ја поткопуваат привлечноста на доковите од викторијанската ера, со што градот стана трет во историјата кој е отстранет од тој престижен список.

Ливерпул беше додаден на списокот во 2004 година, а во образложението на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО се наведува дека современите градби ја нарушуваат „автентичноста и интегритетот на градот“, пренесува Ројтерс.

Ливерпул доби место на списокот на УНЕСКО поради неговата улога како едно од најважните пристаништа во текот на 18 и 19 век и неговата единствена архитектонска убавина.

Градоначалничката на Ливерпул, Џоан Андерсон изјави дека за неа е несфатлива одлуката да го отстрани Ливерпул од списокот и дека таа ќе се жали на одлуката.

„Јас сум крајно разочарана и загрижена. Нашето место на светското наследство никогаш не било во подобра состојба, бидејќи има корист од стотици милиони фунти инвестиции”, рече таа.

Освен Ливерпул, само Аман беше избришан од списокот во 2007 година и долината Дрезден Елба во 2009 година поради изградба на мостови на таа река.

Во Македонија пак, извештајот кој го достави УНЕСКО од Реактивната мониторинг мисија која го посети Охридскиот регион во јануари минатата година, на 125 страници детално се посочуваат сите неправилности околу грижата и заштитата на Охридското Езеро и во Македонија и во Албанија.

Во извештајот се бара забрзано спроведување на десетици препораки упатени до властите во двете земји, уривање на веќе изградените дивоградби и безусловно почитување на мораториумот за градба на крајбрежјето. Како резултат на континуирана деградација на културното и природното наследство на регионот, во него се испраќа јасна препорача: Охридскиот Регион да се стави на листата на светско наследство во опасност.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата