Погребните фирми ги МОЛАТ Полјаците: Вакцинирајте се, ние и онака имаме доволно работа

22.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Погребните фирми ги МОЛАТ Полјаците: Вакцинирајте се, ние и онака имаме доволно работа

Полските погребални компании ги повикаа Полјаците да се вакцинираат и со тоа се вклучија во кампањата за вакцинирање против корона вирусот во таа земја што побрзо, од страв од четвртиот есенски бран на епидемијата.

„Вакцинирајте се што е можно поскоро. Ние и така имаме доволно работа“, им рекоа на погребните компании денеска на Полјаците.

Во апелот до граѓаните, Полското здружение на погребални служби потсетува дека минатото лето властите прогласија дека пандемијата веќе ја нема, а дојде бруталната реалност, есента и зимата на бројот на заразени и мртви од Ковид-19 двојно се зголеми.

„Според статистичките податоци, околу еден процент од населението се раѓа и умира во Полска секоја година, што ни дава 1.041 смртни случаи на ден. Од октомври 2020 година, кога пандемијата започна да се интензивира, до крајот на мај 2021 година, кога одлучи да ‘каже збогум’ со нас, починаа 128.629 жители на Полска, што во просек дава 1.577 смртни случаи на ден, што е зголемување за над 50 проценти“, наведе во аапелот претседателот на Полското здружение за погребни услови, Кшиштоф Волицки.

Во емотивниот апел пренесен од полскиот весник „Газета виборча“, погребалните компании предупредуваат дека само неодговорните луѓе веруваат дека на пандемијата на Ковид-19 ѝ се ближи крајот и ги прашуваат Полјаците зошто не сакаат да се вакцинираат и зошто не размислуваат за нивните семејства и луѓето кои ги сакаат.

Во Полска, од 38 милиони жители, 16,4 милиони луѓе до средата комплетно ја завршија вакцинацијата.

Владата на премиерот Матеуш Моравјецки, со цел да ги убеди неодлучните Полјаци или оние кои одбиваат вакцинирање, воведе лотарија, а од почетокот на овој месец до крајот на септември, Полјаците можат да си ја испробаат среќата и да добијат некои од помалите награди, како што се околу 120 евра или електричен скутер, а највредните се 200.000 евра или автомобили.

Возрасни Полјаци кои ја завршиле вакцинацијата кога ќе се пријават на лотаријата на националната програма за вакцинација имаат четири шанси за награда, бидејќи тие се извлекуваат дневно, неделно и месечно со главната награда на крајот од лотаријата. (Бета)

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата