По грешка уплатила двe идентични лото ливчиња – наградата ја поделила сама со себе!

22.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
По грешка уплатила двe идентични лото ливчиња – наградата ја поделила сама со себе!

Сузан Греј од Америка веќе неколку години учествува во игри на среќа со истите броеви кои го одбележуваат нејзиниот роденден. И конечно, после толку уплатени ливчиња овие бројки и донеле среќа – и тоа не еднаш, туку два пати.

Имено, таа случајно купила два билети кои биле со идентични броеви, а на крајот главната награда од 305.046 долари ја поделила само со себе.

Сузан изјавила дека сакала да купи ливчиња со различни броеви, но дека по грешка купила идентични за саботното извлекување. Кога видела дека станува збор за двајца добитници, таа била разочарана бидејќи морала да ја подели наградата со некого. Но, кога видела дека ливчињата и се идентични била шокирана.

-По грешка сум уплатила две исти ливчиња. Тоа се броевите кои ги играм со години наназад. Мојот роденден ми донесе двојна добивка, изјавила Сузан.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата