Расчистени 15 кривични дела: Откриен крадец кој „ОПЕРИРАЛ“ ПО ТАКСИ ВОЗИЛА

22.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Расчистени 15 кривични дела: Откриен крадец кој „ОПЕРИРАЛ“ ПО ТАКСИ ВОЗИЛА

ЕВР Кисела Вода поднесе кривична пријава против Р.М.(21) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени 15 кривични дела, од кои 11 дела „тешка кражба“ во возила и четири дела „тешка кражба во обид“ во возила.

Тој, во периодот од 22.00 часот на 14.03. до 06.00 часот 15.03.2021 извршил 11 кривични дела „тешка кражба“ од такси возила и четири кривични дела „тешка кражба во обид“ од такси возила, при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 22.800 денари и причинил материјална штета од околу 76.500 денари.

Веднаш биле преземени мерки и за него била распишана потерница, а на 08.05.2021 тој бил лишен од слобода на Граничен премин „Табановце“, по што бил спроведен во полициска станица каде што ги признал делата и го појаснил начинот на извршување.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата