187 ПОЖАРИ беснеат во Сибир – Огнената стихија стигна и до најладниот град на светот, а се топи пермафростот

22.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
187 ПОЖАРИ беснеат во Сибир – Огнената стихија стигна и до најладниот град на светот, а се топи пермафростот

Од почетокот на неделава во Сибир избувнаа неверојатни 187 пожари, а најзагрозен регион е Јакутија или Саха, лоциран на рускиот Далечен исток, со површина од четири држави колку Тексас. Во главниот град на таа провинција, Јакутск, кој инаку е најстудениот град во светот во зима, чадот е толку густ што жителите постојано ги исплакнуваат очите и грлото со вода.

Животот во оваа област главно зависи од тајгата, зимзелени шуми, кои се извор на месо, дрво, печурки и повеќе за населението, но кога тајгата ќе изгори, како сега, мразот под тајгата се топи многу побрзо отколку порано, а густите шуми се претвораат во непроодни мочуришта.

Експертите предупредуваат дека и покрај фактот дека пожарите се случувале и во претходните години, овој пат тие се далеку поубиствени за целиот екосистем на сибирската тајга. Тие наведуваат дека овие крајности на климатските промени може да се очекуваат и во наредниот период.

„Ако немаме шуми, немаме живот“, изјави жителка на Јакутск за Њујорк Тајмс.

Сликите на НАСА предупредуваат и на ненормално високи температури во регионот, кои само на тлото беа дури 15 степени Целзиусови повисоки од вообичаеното.

Екстремни пожари во Сибир изгореа замрзнат терен, и вкупно 1,5 милиони хектари шума. Ова е исто така период на најголема суша во областа во последните 150 години.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата