Skip to main content
x

22 Jul 2021 - 14:40
redakcija
Статија

Експлозија на пазарот „Ал-Завија“ во градот Газа утрово уби едно лице и рани десет други, јавуваат палестинските медиуми, без да го посочат причинителот на експлозијата. Неколку згради биле оштетени во експлозијата.

Министерството за внатрешни работи во Појасот Газа соопшти дека Палестинецот убиен во експлозијата бил жител на Ата Сакала посочувајќи дека повредените биле пренесени во болницата „Шифа“ од страна на екипите за цивилна одбрана и брзата помош.

Видеа од местото на настанот објавени на социјалните мрежи покажуваат облаци црн чад и значителна штета на околните структури.

Првичните извештаи покажуваат дека се запалиле цевки за гас во близина на станбени згради пред да експлодира канистерот за гас. Полициските експерти за експлозиви ја испитуваат точната причина за експлозијата.

Експлозијата се случи само два месеца по 11-дневното израелско бомбардирање на крајбрежната енклава, што предизвика масовно уништување на голем дел од инфраструктурата во Газа предизвикувајќи штета во вредност од 479 милиони долари.

 


makfax.com.mk