Спасот за изгореници од сонце се крие во фрижидер!

22.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Спасот за изгореници од сонце се крие во фрижидер!

Постојат разно-разни средства кои може да бидат од голема помош ако изгорите на сонце. Но дали знаете дека едно од нив речиси секој го има дома, во фрижидерот?!

Најдобар и проверен лек е ладното млеко. Според советите дерматолозите, облога од ладно млеко лесно ќе го ублажи црвенилото, печењето и болката.

– Направете облога од ладно млего и нанесете на болните, црвени места. Вашата кожа може да почне да се лупи ако сте премногу изгорени. Најважни се протеините од млекото кои ќе ја излечат вашата кожа, вели дерамтологот Зајкер.

Витамините и лактозата од млекото ќе помогнат кожата да се опорави, а многу брзо ќе го ублажи и непријатното чувство на топлина.

Совет како да си помогнете:

Најдобро е да земете газа која ќе ја потопите во ладно млеко. Штом облогата се засуши, направете нова и менувајте се додека болката не се намали.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата