ФАНТОМКА или ФЕЈСКИНИ – Би го носеле ли ова чудо на плажа!?

22.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ФАНТОМКА или ФЕЈСКИНИ – Би го носеле ли ова чудо на плажа!?

Со години се водат многу полемики околу заштитата на кожата, како и бројни акции кои имаат за цел подигање на свеста за штетноста на директните сончеви зраци на кожата.

Кога станува збор за негата на кожата Азијатите доминираат – овојпат од кај нив стигнува фејскини! Нов тренд кога е во прашање заштитата, ама и модата за на плажа.

Fejskini

Во Кина се користат многу производи за одржување на бледата кожа. И додека многумина се гордеат со бронзениот тен и истиот го гледаат како услов за убавина, азиските жени сметаат дека белата кожа е одраз на вистинска убавина, па заради тоа на плажа изгледаат како лопови – носат маска (фантомка) која има отвори за очите, носот и устата.

 

Fejskini

Ова бикини е изум на сопственичката на продавници за костими за капење Жанг Шифан, а неговата цел е заштита од сонце, медузи и инсекти.

 

Fejskini

И додека девојките во западните култури трагаат по што е можно поминимално бикини, а се почесто на плажа се и речиси голи, во Кина сериозно ги слушаат советите на стручњаците кои велат дека изложувањето на сонце треба да биде исклучително претпазливо.

 

Fejskini

Цената на ова бикини за лице варира од 2 долари за наједноставните модели, до 24 за оние полуксузните.

Што мислите за овој моден крик – би излегле ли на плажа вака!?

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата