Се разведува МИА КАЛИФА- СЀ ПРОБАВМЕ АМА НЕ БИВА

22.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се разведува МИА КАЛИФА- СЀ ПРОБАВМЕ АМА НЕ БИВА

Поранешната порно ѕвезда и инфлуенсерка Миа Калифа (28) се разведува од сопругот Роберт Сандберг (28) по две години брак.

– Убедени сме дека во последната година дадовме сѐ од себе за да успееме во бракот, но по скоро една година терапија и напор, се разделуваме знаејќи дека ќе имаме еден доживотен пријател еден во друг и дека навистина се обидовме. – напиша таа во објава на својот Инстаграм профил.

Подолу во текстот таа објасни дека нивниот развод не се должи на изолиран инцидент, туку поради прекумерни разлики:

– Разводот беше предизвикан од кулминација на нерешливи, фундаментални разлики за кои не можеме да се обвинуваме еден со друг

Миа и Роберт се во брак две години и се чини дека тој не функционирал од самиот почеток. Тие се свршија во пролетта 2019 година и се венчаа во јуни истата година.

– Го затвораме ова поглавје без жалење и двајцата започнуваме од нула, разделени, но поврзани преку неверојатно семејство, пријатели и љубов кон нашите кучиња. Ова дојде многу доцна, но среќни сме што си дадовме време и дадовме сѐ од себе и сега можеме да си заминеме знаејќи дека максимално се потрудивме

Миа собра скоро 65 000 лајкови на фотографијата од разводот, и ја оневозможи опцијата за коментирање под објавата.

Миа пред Роберт веќе беше во брак со средношколската љубов, а тој брак траеше пет години.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата