По принцот Џорџ, нова цел на НАВРЕДИ е ќерката на Џенифер Лопез: „Оваа девојка изгледа како маж“

22.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
По принцот Џорџ, нова цел на НАВРЕДИ е ќерката на Џенифер Лопез: „Оваа девојка изгледа како маж“

Џенифер Лопез (51) на секоја фотографија или појавување во јавност е облечена во елегантни и провокативни комбинации на облека: тесни фустани со длабоко деколте или костими за капење кои често откриваат многу повеќе. За разлика од неа, нејзината ќерка Ема (13) е сосема различна.

Ема може да се види на разни фотографии во опуштено издание. Таа носи обични фармерки и широки маички и не се грижи премногу за нејзиниот физички изглед.

 

Неодамна ја обои косата во сина боја, а откако се појавија фотографиите во јавност таа доби многу навредливи коментари на социјалните мрежи за нејзиниот изглед.

– „На кого ли е ваква?“ подбивно праша едно лице.

– „Кутрата девојка, изгледа како тато ѝ“, напиша друг.

– „Зошто оваа девојка се облекува како машко?“ запраша трет.

Ема има брат близнак – Максимилијан, а Џенифер ги роди додека беше во брак со 52-годишниот Марк Ентони. Тие се венчаа во 2004 година и се разведоа по десет години брак, во 2014 година.

 

Како Ема, принцот Џорџ (7), синот на принцот Вилијам (39) и Кејт Мидлтон (39) се најде под удар на силни критики и навреди на социјалните мрежи. Имено, луѓето му се навртеа по поразот од Англија во финалето на Европското првенство, а многу коментари беа навистина лоши.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата