Киднапираните Нигеријци вратени кај нивните семејства

22.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Киднапираните Нигеријци вратени кај нивните семејства

Полицијата и властите обезбедија ослободување на стотици жртви на киднапирање – вклучително и деца и жени, многу од нив доилки – киднапирани од нивните села во северозападна Нигерија пред еден месец, без откуп, соопшти локалната полиција.

Повеќето од киднапираните се од северните нигериски држави, Замфари, Кадуна и Нигер. Над 200 деца и млади, како и десетици возрасни жртви на киднапирање сè уште се во заробеништво.

Нигерија се бори со зголемувањето на вооружените напади – грабежи и киднапирања за откуп – кои главно се случуваат на северозапад на земјата каде малите и слабо распоредени безбедносни сили се борат за да спречат натамошно зголемување на бројот и нападите на вооружените банди.

Ослободените жртви беа заробени на 8 јуни во селото Манава во државата Замфара, изјави во средата портпаролот на државната полиција Мохамед Шеху во изјава за Ројтерс.

Шеху исто така рече дека ослободувањето на жртвите е постигнато без финансиски или материјален надомест на киднаперите.

Во соопштението се вели и дека жртвите ќе бидат испрашувани и прегледани од лекарите пред да се вратат кај нивните семејства.

Додека северозападна Нигерија веќе една деценија се справува со несигурност, која вклучува напади од исламистички милитанти и нивни сојузници на Боко Харам, сегашниот бран киднапирања е примарно финансиски мотивиран.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата