Skip to main content
x

22 Jul 2021 - 0:20
redakcija
Статија

Попладнево и вечерва на програмата беа седум мечеви од 2.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, тоа се први натпревари, додека реваншите се играат следната недела.

Иако важеше за голем фаворит, сепак бугарскиот Лудогорец одигра само 0:0 и тоа на гости кај Мура, првакот на Словенија кој во првото квалификациско коло ја елиминира нашата Шкендија.

Српскиот првак Ц. Звезда загуби од Каират на гости со 2:1, Малме со 2:1 го победи Хелсинки.

Веројатно новиот тим на нашиот репрезентативец Тихомир Костадинов, составот на Слован Братислава дома одигра 0:0 против Јанг Бојс.

Додека вистински дебакл доживеа турскиот гигант, тимот на Галатасарај кој на гости кај ПСВ загуби со 5:1.

Легија дома славеше со Флора од Естонија со 2:1, а Олимпијакос на свој терен беше подобар од Нефчи со 1:0.

РЕЗУЛТАТИ

КАИРАТ – Ц. ЗВЕЗДА 2:1

МАЛМЕ – ХЕЛСИНКИ 2:1

МУРА – ЛУДОГОРЕЦ 0:0

СЛОВАН БРАТИСЛАВА – ЈАНГ БОЈС 0:0

ЛЕГИЈА – ФЛОРА 2:1

ОЛИМПИЈАКОС – НЕФЧИ 1:0

ПСВ – ГАЛАТАСАРАЈ 5:1

sportmedia.mk