“Пиратите“ со пресврт до победа против Тетекс!

21.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
“Пиратите“ со пресврт до победа против Тетекс!

Денеска на стадионот на Автокоманда, домашниот тим на Скопје со 3:2 успеа во пријателски меч да го победи Тетекс. Тоа беше убава контрола за тренерите и на двете екипи да видат до каде е формата на нивните екипи.

Тетовските „штофари“ направија мало изненадување и со голот на Иванов поведоа против прволигашот со 1:0. Сепак набргу Јашаровски израмни на 1:1, со тој резултат се замина на пауза.

Во второто полувреме со головите на Трајановски и Новески екипата на Скопје поведе со 3:1, за да Масевски стрелаше за тетовци со што ги постави конечните 3:2 на овој пријателски или контролен натпревар.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата