Skip to main content
x

21 Jul 2021 - 22:20
redakcija
Статија

Во пресрет на утрешниот дуел со Рига во Летонија, во меч од 2.квалификациско коло во Конференциската лига, стратегот на Шкендија, Ернест Ѓока и играчот за врска Арменд Алими на официјалниот прес ги дадоа своите коментари.

Рига е првак на Летонија, тоа е силен тим, ние мора да бидеме внимателни. И тие и ние си имаме свои амбиции. Ние мораме да бидеме внимателни, се игра два меча и ние тоа мора да сфатиме. Детално го анализиравме противникот и верувам во добро издание на нашиот тим“ посочи тренерот на нашиот шампион.

АЛИМИ: ВО СКОПЈЕ СЕ ЌЕ СЕ РЕШАВА

Арменд Алими, еден од клучните играчи на тетовци, вели дека Рига треба да се респектира.

Ова ќе биде тежок меч за нас, Рига има квалитетен тим и ние го респектираме. Сепак мора да бидеме свесни дека утрешниот меч нема да решава ништо, се ќе се одлучува во Скопје на реваншот. Мора да бидеме паметни, внимателни ако сакаме да го оствариме резултатот кој нас ќе ни одговара“ рече на пресот Алими.

sportmedia.mk