Мицкоски: Ќе презентираме како до плата од 750 евра и како ќе го формализираме тргувањето со крипто валути во полза на Македонија

21.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мицкоски: Ќе презентираме како до плата од 750 евра и како ќе го формализираме тргувањето со крипто валути во полза на Македонија

Денеска од овде во Карпош ќе зборуваме како до просечна плата во еден мандат од 750 евра, односно 45.000 денари, и како до легализирање односно до формализирање на тргувањето со крипто валутите и со имплементирање „Blocкchain“ технологијата, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред денешната трибина во Карпош.

– Како наместо да станеме земја извозник на дрога и марихуана, да станеме земја која што ќе апсорбира капацитет и ќе го легализира и ќе ги апсорбира практично сите можности кои што ги нуди трговијата со крипто валутите, а верувајте ми таа не е мала. Ќе зборувам денеска малку повеќе и за тоа. Некаде околу половина милијарда евра можат да бидат тие приходи директно во Буџетот и во македонската економија, доколку започнеме сега и бидеме практично првенци во регионот, рече Мицкоски.

Тој посочи дека ќе се говори и за „Blockchain“ технологијата која што се помалку се зборува во регионот, а во Европа и во светот и во САД е сериозна економска платформа.

– Имаме што да понудиме на скопјани, на карпошани, но и на Македонија, посебно на овие две теми. Тука се разбира ќе зборува и професорката Гордана Силјановска Давкова за владеењето на правото, ќе зборува Гордана Димитриеска Кочоска, и професор Лазаров за актуелната состојба во економија. Така што ценам дека тоа што денеска ќе го презентираме ќе заинтрегира и ќе биде новитет на македонската политичка сцена или како што тоа сакав денеска да го презентирам пред еден мој соработник да не чекаме иднината да дојде, туку да одиме кон иднината, нагласи Мицкоски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата