(Видео) Поплави во Кина по силниот дожд, расте бројот на жртви

21.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Поплави во Кина по силниот дожд, расте бројот на жртви

Поплавената метростаница и населби, но и ослабената брана по обилните дождови, невидени во 60 години, предизвикаа смрт кај најмалку 25 лица и штета од милиони евра во кинеската провинција Хенан.

Од саботата навечер до доцна во вторникот навечер во областа на градот Џенгџоу, со 10 милиони жители, измерени се 617,1 милиметри дожд, речиси еднаков на годишниот просек за областа.

„Ова се екстремно силни поплави“, рече претседателот Шји Џјинпинг.

Количината на дожд што падна во областа во последните три дена била забележана само еднаш во последните илјада години, соопштија метеоролозите.

Предупредувањето доцнеше, луѓето веќе беа на пат кон работа

Водата брзо ги заглави канализациите и ги претвори патиштата во главниот град на провинцијата Хенан во порој од кал.

Државната телевизија CCTV покажа снимки од улиците потопени со каллива вода и жителите во вода до половината додека ги возат или туркаат своите возила по поплавените патишта.

Другите снимки на социјалните мрежи покажуваат пешаци изненадени од хаосот, понесени од водата.

Метеоролошките служби на провинцијата Хенан и градот Џенгџоу ја подигнаа подготвеноста на службите за катастрофи на 1-ви ниво во вторникот, но поради доцното соопштение, голем број жители отидоа на работа.

Најдраматична е состојбата на метро-станицата во тој град, каде водата стигнала до рамениците на патниците, според видеата на социјалните мрежи.

„Браната може да попушти во секое време“

Синоќешните дождови предизвикаа 20-метарски пробој на браната Јихетан во градот Луојанг, западно од Џенгџоу, која може да попушти во секој момент, предупредуваат локалните власти.

Милиони луѓе во Џенгџоу се погодени од ефектите на невремето.

Бројни железнички линии низ провинцијата, која е главен центар на централна Кина, се сопрени. Голем број автопатишта се исто така затворени, а летовите или се откажани или одложени.

Дождот продолжува да паѓа

Патиштата се поплавени во десетина густо населени градови. Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат дека жителите од областа се држат за раце, пробивајќи се низ поплавените улици.

 


makfax.com.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата