Ги истетовирала родендените на своите 7 деца за да не ги заборави: Немојте да ми судите, имам премногу обврски!

21.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ги истетовирала родендените на своите 7 деца за да не ги заборави: Немојте да ми судите, имам премногу обврски!

Кели од Манчестер има 7 деца и тешко ѝ е да запамети на кој кога му е роденден поради многубројните обврски кои ги имала. Па така, таа решила да ги истетовира датумите на родендените.

Таа вели дека нема да зажали за ваквите тетоважи бидејќи и помогаат да не ги заборави родендените на своите деца.

Имено, таа признава дека и е навистина тешко да ги запомни датите бидејќи има многубројните обврски.

“Ве молам да не ми судите. Имам премногу обврски и ова беше совршен начин да не ги заборавам нивните родендени”, објаснила Кели.

@kellywardlexoxoReply to @kezzalouise23 for my kiddies babes 🥰❤️🥰❤️🥰♬ original sound – Blend & Create

Кели ги открила имињата на децата, на социјалната мрежа Тик Ток, воедно изненадувајќи ги фановите дека во јули слават дури три родендени.

“Три родендени славиме во јули и тоа во истата седмица. Тоа е напорно, но вреди за нивните насмевки”, рекла мајката.

“Планираме уште едно дете и не знам дали би застанале на бројот 8”, споделила мајката.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата