Беше една од најубавите актерки, ДРОГАТА И ПЛАСТИЧНИТЕ ОПЕРАЦИИ ЈА УНИШТИЈА

21.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Беше една од најубавите актерки, ДРОГАТА И ПЛАСТИЧНИТЕ ОПЕРАЦИИ ЈА УНИШТИЈА

Британската актерка Даниела Вестбрук (47) долго време беше мета на потсмев во јавноста поради бројните неуспешни естетски процедури на кои беше подложена.

Даниела се прослави во 1990 година, кога се емитуваше култната серија „Eastenders“, која и донесе светска слава. Актерката тогаш пленеше со својата природна убавина, но потоа сè тргна надолу низ низата неуспешни операции.

Таа стана зависна од операции, а пред неколку години ситуацијата ескалираше кога на медиумите им откри дека лицето буквално и скапува од силните зафати.

– Јаболчниците и непцата ми скапуваат затоа што порано бев редовен корисник на кокаин, но и поради лошо направена естетска процедура од 2015 година. Добив остеопороза, изјави Даниела за Мирор.

Со цел да ги зајакне своите коски пред операцијата, таа пиела седум литри млеко на ден. Екстремната операција на која и била извршена значело дека ќе и се отстрани дел од черепот со цел да се вметне во нејзините јагоди.

Зависноста од опијати, како и зависноста од пластична хирургија на крајот ја однесе на улиците.

– Живее со пријателка. Не може да си дозволи ниту да изнајми соба. Им призна на пријателите дека е без пари и дека добива социјална помош. Пријателите и помагаат, но тие не сакаат да и позајмуваат пари бидејќи знаат дека таа никогаш нема да им ги врати, изјави извор близок на актерката за списанието „Now“ пред неколку години.

Даниела се уште е во борба со лице кое буквално скапува и во моментов минува низ процедури со кои се обидува да го реконструира своето лице. Напредокот го објавува на Инстаграм.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата