Баталила хемија И ПОЧНАЛА ДА СЕ СОБЛЕКУВА НА ИНТЕРНЕТ, си купила куќа и Мустанг (ФОТО)

21.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Баталила хемија И ПОЧНАЛА ДА СЕ СОБЛЕКУВА НА ИНТЕРНЕТ, си купила куќа и Мустанг (ФОТО)

Хемичарката Морган Дојн одлучила да ја замени својата научна кариера со соголување – со цел да заработи пари.

Со парите заработени од продавање на свои фотографии на Интернет, си купила автомобил од соништа и куќа со пет спални, откако за само 18 месеци заработила 300.000 фунти објавувајќи свои топлес фотографии на „OnlyFans“.

Таа има само 24 години и го отворила својот профил откако видела колку заработуваат други жени што ги познава.

Морган, која студирала хемија и форензика, вели дека заработува „стабилни 35.000 фунти месечно“ со продажба на фотографиите.

Таа ги искористила парите за да купи Форд Мустанг од 40.000 фунти и за куќа со пет спални, со четири бањи, за која платила депозит од 50% од скоро 270.000 фунти.

Иако се соочува со злоупотреба на Интернет, Морган вели дека е „горда на себе“ за постигнатото и не ја добираат негативните коментари. Таа вели дека нејзините родители и пријатели ја поддржуваат.

На нејзиниот Инстаграм се пофали и со својата нова куќа и објави фотографија, на која нејзините следбеници и честитаа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата